Државната електроенергетска компанија ЕПС (Електро привреда Србије), изгради сопствено индустриско пристаниште во Костолац за потребите на истоимената термоцентрала. Ова пристаниште е изградено како еден од петте проекти во првата фаза на кредитниот аранжман помеѓу Србија и Кина. Се простира на површина од 5,7 хектари, од кои 2,6 хектари се водена површина. Од доковите на Костолац годишно ќе се транспортираат 157.000 тони пепел и 105.000 тони гипс кој е нус производ на постројката за десулфуризација во ТЕ Костолац Б. За потребите пак на постројката за десулфуризација ќе се доставува варовник како влезна суровина. Пристаништето ќе се користи исклучиво за потребите на ЕПС, a меѓу останатото ќе има важна улога во транспортот при изградбата на новиот блок Б3. Инвестицијата вреди 15,8 милиони УСД. Исто така, пристаништето ќе овозможи од Костолац да се транспортира мала количина на висококалоричен јаглен во термоцентралите „Никола Тесла“.