Насловна / Вести / Србија: Започнува да се гради ветропаркот Пландиште со моќност од 102MW

Србија: Започнува да се гради ветропаркот Пландиште со моќност од 102MW

Компаниите MET Renewables и NIS, започнаа со реализација на проектот за изградба на ветерниот парк Пландиште во Србија, откако MET откупил од трети лица удел од 50% во проектот. Ова ќе биде прв ветерен парк за двата партнери, како и прва инвестиција во обновливи извори за швајцарската MET Grupа во земја надвор од ЕУ.  Ветерниот парк со инсталирана моќност од 102 MW ќе се состои од 34 ветерни турбини, а ќе биде изградена во општината Пландиште во Србија. Инвестицијата е планирана на вредност од 160 милиони евра.

Работите на терен ќе започнат подоцна во текот на годинава, а комплетно ќе бидат завршени во 2021, за кога е планирана и целосна оперативност.

plandiste3

plandiste1

plandiste2

Испрати коментар

Scroll To Top