Компанијата „Електропривреда Србије“ (ЕПС) распиша тендер за изработка на проектно – техничка документација која предвидува реализација на нов блок на лигнит со моќност од 350 MW во 14 фази. Проектот вклучува проектирање на самиот блок во ТЕ „Костолац“, како и функционалните делови кои се однесуваат на одлагање и депонирање на пепелот, сообраќајници и систем за ладење со вода од Дунав. Новиот блок же биде ангажиран во електроенергетскиот систем ан Србија во базниот дел од дијаграмот на оптоварувањето. Испораката на енергијата во електромрежата на Србија ќе се врши преку постоечка постројка од 400kV во непосредна близина на новиот блок.
Проектно – техничката документациоја опфаќа изработка на проект за градежна дозвола, идеен проект, идејно решение и ажурирана студија за проценка на влијанието врз животната средина.