Насловна / Вести / Србија: Усвоена Стратегија за нискојаглероден развој со проекции до 2050 година

Србија: Усвоена Стратегија за нискојаглероден развој со проекции до 2050 година

Владата на Србија ја усвои Стратегијата за нискојаглероден развој за периодот од 2023 до 2030 година, со проекции до 2050 година, после повеќе од три години од јавната расправа за овој документ. Стратегијата предвидува дека Акцискиот план за нејзиното спроведување во периодот 2024 до 2030 година да се усвои во рок од една година.

strategija1

 

Стратегијата како општа цел дефинира намалување на емисииите на стакленички гасови, без секторот користење на земјиштето, промена на намената на земјиштето и шумарство (LULUCF), 13% до 2030 година и најмалку 55 до 69% до 2050 година, во однос на 2010 година. Во однос на 2005 година, станува збор за намалување од 20%, односно 59-72%, а  во однос на 1990 година намалувањето е 33% односно 65-76%. Целите за намалување на емисиите ќе бидат резултат на намалувањето во производството на електрична и топлинска енергија, како и подобрување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во индустрискиот сектор.

strategija2

Визијата на Стартегијата е до 2050 гдоина Србија да биде нискојаглеродна, со конкурентна и ресурсно ефикасна економија која на граѓаните им овозможува нови, зелени работни места и квалитетен живот во климатски отпорно општество.

 

Испрати коментар

Scroll To Top