Во конкуренција на автомобили кои се во понудата на српскиот пазар, Toyota Corolla 1.8 Hybrid е избрана за автомобил со најдобри перформанси во однос на животната средина – ЕКО автомобил 2019, во рамките на 54тиот Меѓународен салон за автомобили кој се одржа во Белград. Посебно признание за активностите кои придонеле во зачувување и заштита на животната средина доби Постојаната конференција на градови и општини, за акцијата Ден без автомобили во рамките на Европската недела на мобилност. Во конкуренција за наградата ЕКО автомобил 2019 беа уште следните 11 автомобили: BMW 3 Series, Citroen C4 Cactus, Ford Focus, Honda CR-V, Kia Ceed, Mercedes-Benz A-Class, Opel Combo, Peugeot 508, SEAT Arona, Suzuki Jimny, и Volvo S60.