Насловна / Екологија / Србија спушта рампа за ГМО

Србија спушта рампа за ГМО

gmo-hero
Србиjа нема да дозволи одгледување на генетски модифицирани организми (ГMO) на нејзина териториjа, ниту нивна употреба во исхраната, изjави денес министерот за земјоделство Драган Гламочиќ, истакнувајќи дека јавноста не треба да бида загрижена.

“Ние мораме нашето законодавство да го усогласиме со законите на ЕУ, но тоа не значи дека ќе дозволиме одгледување на ГМО, изјави Гламочиќ за РTС, нагласувајќи дека граѓаните треба да знаат дека 95 отсто од месото, млеко и јајца кои доаѓаат од други светски земји се од животни и живина  хранети со ГMO производи од соја“, пред се со соина сачма и дека тие производи не подлежат на декларирање.

Тој додаде дека тие производи „ на нашиот пазар моментно имаат ист третман како домашните производи за чие производство е користена немодифицирана соина сачма“ и најави дека тоа ќе се промени со новиот закон кој што е во подготовка.

Испрати коментар

Scroll To Top