Насловна / Вести / Србија, Словенија и Унгарија – се поблиску до создавање на најголемата регионална берза за електрична енергија

Србија, Словенија и Унгарија – се поблиску до создавање на најголемата регионална берза за електрична енергија

Заедничката берза на електрична енергија на Србија, Словенија и Унгарија, би можела да започне со работа во првата половина од 2024 година. Корпоративно -професионалните одлуки се веќе донесени, како и владините одобренија.

power1

Земјите од средна Европа соработуваат во разни области од енергетиката, со цел да ја зајакнат државната и регионалната енергетска безбедност, имајќи предвид дека регионот нема значајни наоѓалишта на нафта и природен гас. Уште минатата година било разговарано за проектот Blue Sky, кој треба да обезбеди заедничка платформа за размена на електрична енергија помеѓу Србија, Словенија и Унгарија, откако Србија и Словенија веќе стартуваа со првата регионална берза на електрична енергија. Сега, со приклучувањето и на Унгарија, се поблиску до реализација е создавањето на најголемата интрегрирана берза на електрична енергија во централна Европа.

power2

Испрати коментар

Scroll To Top