Насловна / Вести / Србија поради малите хидроцентрали се движи кон еколошка катастрофа

Србија поради малите хидроцентрали се движи кон еколошка катастрофа

Не постои оправданост за изградба на мали хидроцентрали, бидејќи од нив се добива мала количина на струја, а се уништуваат реките, наведуваат во Министерството за животна средина во Србија.
Изградбтаа на голем број мали хидроцентрали на Стара планина во Србија, а планирани се дури 58, може да ги загрози не само реките во тој заштитен бисер на природата и живиот свет, туку и да остави катастрофални последици по луѓето и животната средина, заклучуваат стручњаците. Со ова се согласува и Министерството за животна средина.

mhe2
„Кога станува збор за хидроцентралите, комплетното количество вода од реките, сем биолошкиот минимум кој се дефинира со статистички методи, се спроведува со цевки во должина од неколку километри со што комплетно се уништува реката“- наведуваат од Министерството за животна средина. На прашањето дали постои оправданост за користење на мини хидроцентрали за производство на струја во Србија, поткрепена со анализа на влијанието на животната средина, од министерството велат дека не располагаат со таква студија, но не е исклучено со тоа да се занимаваат институциите од електроенергетскиот сектор.
Неодамна и министерот за животна средина на Србија, Горан Триван изјави дека„ малите хидроцентрали се девастирање на животната средина и уништување на биодиверзитетот во средината каде се прават“. Најави дека ќе бара измена на законот кој овозможува изградба на овие хидроцентрали во заштитени средини.
За лошото влијание врз околината на малите хидроцентрали јавноста ја предупредија четири декани на факултетите на Универзитетот во Белград и директорот на Институтот за биолошки истражувања.
Во писмото кое го потпишуваат проф. Д-р Жељко Томановиќ (Биолошки факултет), проф. Д-р Ратко Ристиќ (Шумарски факултет), проф. Д-р Дејан Филиповиќ (Факултет за географија), проф. Д-р Душан Поломчиќ (Рударско – геолошки факултет) и Д-р Павле Павловиќ (Институтот за биолошки истражувања) се вели дека е „неопходно да се запре уништувањето на чисти планински реки“.
Како што наведуваат, „особено е загрижувачка и неприфатлива активноста во врска со користење на просторот на подрачјето на Паркот на природата „Стара планина“ со единствен екосистем и биолошка разноврсност на риби, како и бројни групи растенија и животни“.
Експертите велат дека „Србија е најсиромашна земја на Балканот кога се во прашање домицилните површински води, дека водното богатство доплнително е под голем притисок на негативни влијанија од загадувачи и дека масовната изградба на овие централи се заканува, малобројните преостанати драгоцени ресурси да бидат потполно уништени“. Тие наведуваат дека може да се најде поприфатливо решение од изградба на мали хидроцентрали во склоп на екосистеми, особено што овие хидроцентрали се повеќе од скромни произведувачи на енергија.
„Доколку се изградат сите 856 објекти (според постоечкиот катастар), најмногу би се обезбедило 3.5 проценти од потребната количина на електрична енергија на годишно ниво, но истовремено би се уништиле највредните брдско-планински водотеци и екосистемот“ – наведуваат деканите.

мхе1

Нема алтернатива на чистата вода

Деканите, потписници на апелот наведуваат дека „денес постојат многу поисплатливи и поефикасни, а во однос на зачувување на просторот и животната средина многу поодржливи опции за производство на енергија од обновливи извори (ветроенергија, соларна енергија, геотермална…). За разлика од тоа, алтернатива на чистата вода не постои и без неа не е можен животот“.

Испрати коментар

Scroll To Top