Насловна / Вести / Србија планира брза пруга до македонската граница, што планираме ние?

Србија планира брза пруга до македонската граница, што планираме ние?

Европската унија е подготвена да ја поддржи изградбата на пругата меѓу Белград и Северна Македонија, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Брисел.

zz1

Брзата пруга која ја планира Србија ќе оди од Белград до Ниш, а од таму на југ се до границата со Северна Македонија.

Вучиќ изрази надеж дека договорот ќе биде потпишан наскоро и изјави „Ќе добиеме од 35 до 50 отсто од средствата од фондовите на ЕУ за тој проект. Тоа е дел од Зелената агенда. Тоа за нас е се големи пари, околу 600 до 700 милиони евра за тој проект“.

zz3

Македонија за изградба на својата железничка инфраструктура на располагање има 55,74 милиони евра од Еверопската банка за обнова и развој за периодот 2021-2023, и дополнителни неповратни грантови од 27 милиони евра, главно за коридорот 8 (источен дел). Ова го покажува објавениот бизнис план за 2021 на МЖ Инфраструктура.

zz

Според бизнис-планот на МЖ Инфраструктура, оваа година ќе бидат инвестирани само 18,67 милиони евра, од кои од Европската банка за обнова и развој ќе следуваат 12 милиони евра како кредит, додека како грант 4,05 милиони евра, Остатокот се буџетски средства.

Најмногу пари годинава, околу 940 милиони денари, МЖ Инфраструктура ќе потроши на реконструкција на делницата Куманово – Бељаковце и на изградба на делницата Бељаковце – Куманово. На првата делница во должина од 30 километри до сега се инвестирани 1,7 милијарди денари. Двете фази треба да ги продолжи нов изведувач кој треба да биде избран годинава.

zz2

Долгорочно, железничката делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, според бизнис-планот, ќе чини 404,7 милиони евра, а засега од ИПА се обезбедени 60,76 милиони евра, се вели во планот.

Бизнис планот за 2021 на МЖ Инфраструктура може да го погледнете тука.

Испрати коментар

Scroll To Top