Насловна / Вести / Србија нема да го напушти јагленот пред 2050 година

Србија нема да го напушти јагленот пред 2050 година

Во 2050 година, во производниот микс на електрична енергија во Србија, ќе предничи соларната енергија, пред ветерот и хидроенергијата, додека уделите на природен гас, биогас и отпад ќе бидат ниски. Во овој енергетски микс јагленот воопшто нема да биде застапен. Попрецизно, само 6% од произведената енергиај ќе доаѓа од природен гас, па со ваквото сценарио српската енергетика би била речиси целосно декарбонизирана.

??????

Оваа амбициозна проекција е дел од документот Интегриран национален енергетски и климатски план, кој по усвојувањето треба да стане основен стратешки документ за енергетската транзиција во Србија. Овој документ беше на јавна расправа минатото лето, одобрена е во декември 2023 година и сега чека на новата Влада за официјално усвојување. Освен тоа што крајниот рок за декарбонизација е дури 2050 година, до 2030 година планирано е јагленот да учествува со 50% во енергетскиот микс.

jaglen2

 

Испрати коментар

Scroll To Top