Насловна / Вести / Србија лидер во енергетската транзиција во склоп на Енергетската заедница

Србија лидер во енергетската транзиција во склоп на Енергетската заедница

Неодамна е објавен нов извештај од страна на Енергетската заедница во кој се нотира напредокот на земјите кои се дел од Енергетскаат заедница во поглед на имплементацијата на реформите во енергетскиот сектор (2023 Implementation Report). Според овој извештај, најдобро рангирана е Србија со вкупен скор од 63%. Вкупниот скор ги опфаќа оценките во следните пет сегменти: енергетски пазари и интеграција, декарбонизација, енергетска сигурност, заштита на животната средина, како и перформансите на анадлежните институции. Второрангирана е Украина со 59%, а следуваат Косово со 57% односно Албанија со 56%. Македонија заедно со Молдавија има вкупен скор од 53%, при што меѓу петте критериуми најслабо е оценета во сегментот енергетска сигурност.

izvestaj1

Девет земји се договорни страни на Енергетската заедница. Тоа се: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија, Молдавија, Србија, Украина и Црна Гора.

Испрати коментар

Scroll To Top