Насловна / Вести / Србија ќе се обврзе на напуштање на јагленот дури во 2050 година

Србија ќе се обврзе на напуштање на јагленот дури во 2050 година

Србија наскоро и официјално ќе го соопшти рокот за напуштање на јагленот, а тоа ќе биде најдоцна до 2050 година. Оваа цел ќе биде вклучена и во националните стратешки документи. Исто така, Србија ќе се обврзе до крајот на 2030 година, да подготви план за затворање на термоелектраните. Обврските за декарбонизацијата и затворањето на термоелектраните се дел од предлогот на законот за договор за гаранции за кредит кој „Електропривреда Србије“ (ЕПС) го добива од ЕБРД во вредност од 300 милиони евра. Овој предлог закон е испратен до Народното собрание на крајот на март.

ugalj1

Меѓу обврските во овој предлог закон, е и определбата за постепено напуштање на користењето на јаглен во Србија, а најдоцна до крајот на 2050 година. Тоа ќе се одрази и на сите нови или ажурирани верзии на националните стратешки документи. Србија ќе се обврзе да работи на воспоставување на клучни точки за реализација на овој план до 31.12.2030 година. Меѓу обврските е и одржување на аукција за ветерни паркови со моќност од најмалку 400 MW.  Со заемот се предвидува и преквалификација на работна сила од ЕПС. Парите исто така ќе се користат и за исплата на субвенционирана откупна цена на производителите на енергија од обновливи извори.

ugalj2

 

Испрати коментар

Scroll To Top