Србија има намера да постави еден крак од гасоводот „Јужен поток“ за Косово, изјави Милан Бачевиќ, српскиот министер за природни ресурски, рударство и просторно планирање.
„Сега го правиме просторниот план на јужниот крај на ‘Јужен поток’, кој ќе заврши во Македонија. Ќе поставиме и крак за Косово“, рече Бачевиќ за белградска „Политика“.
Тој додаде дека Србија не треба да се вклучува во расправата меѓу ЕУ и Русија во врска со гасоводот.