Насловна / Вести / Србија: Кинески компании ќе градат електрани на ветер и солар со капацитет од 2.000MW

Србија: Кинески компании ќе градат електрани на ветер и солар со капацитет од 2.000MW

Министерството за рударство и енергетика, во име на Владата нa Србија, потпишало Меморандум за разбирање со кинеските компании Shanghai Fengling Renewables и Serbia Zijin Copper. Договорот предвидува инвестиција од две милијарди евра во ветерни паркови и соларни електрани, со вкупен инсталиран капацитет од 2.000MW. Исто така, предвидена е и изградба на постројка за производство на водород од 30.000 тони.

POTPISIVANJE MEMORANDUMA

Во моментот Србија има ветерни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 406MW, на аукци има доделено премии за 425MW, а предадени се барања за приклучок на преносната мрежа со вкупна моќност од речиси 22.000MW. Најавениот проект предвидува изградба на електраните во близина на Бор, Вкупната вредност на инвестицијата е околу 2 милијарди евра, а инвеститор е Shanghai Fengling Renewables, истакнувајќи дека дел од произведената енергија ќе се користи за потребите на компанијата  Zijin во Бор. Изградбата ќе започне во првиот квартал на 2025 година, првата фаза од 700MW ќе биде завршена во 2026 година, а целиот проект ќе биде заокружен до 2028 година.

zijin2

 

Испрати коментар

Scroll To Top