Насловна / Вести / Србија ја повлекува забраната за изградба на нуклеарки

Србија ја повлекува забраната за изградба на нуклеарки

Нацрт законот за измени и дополнување на Законот за енергетика во Србија, воведува доста новини, меѓу кои уредување и можност крајните купувачи да станат активни купувачи и да склучуваат договори со променлива цена. Но една од клучните измени се однесува на нуклеарната енергија. Со измените, овој вид енергија се враќа во српската енергетика, а се воведува и сертификација на инсталатерите на постројки кои користат обновливи извори на енергија. Јавната расправа за Нацрт законот ќе биде спроведена во Белград на 2-ри септември, и во Нови Сад на 3-ти септември.

Како нови енергетски дејности се воведуваат агрегирање и производство на неконвенционални горива, како и трговија со неконвенционални горива. Неконвенционалните горива се течни или цврсти горива произведени од неопасен отпад, кои не може да биде предмет на рециклирање, а вака добиеното гориво се користи во енергетски цели. Складирањето на електрична енергија постоеше како дејност, но сега се воведува обврска за добивање на лиценца. За прв пат се воведува и механизмот за обезбедување на капацитети. Исто така, пропишано е од 1-ви јули 2025 година во склоп на механизмот да не можат да бидат ангажирани електраните кои емитуваат повеќе од 550 g CO2 по kWh електрична енергија и повеќе од 350 kg CO2 годишно по инсталирана моќност во kW.

Со овој Нацрт закон, предвидено е да престане да важи „Законот за забрана на нуклеарни електрани“. Тој Закон забранува изградба на нуклеарки, а донесен е по нуклеарната катастрофа во Чернобил, тогашен Советски Сојуз.

 

Испрати коментар

Scroll To Top