Биогасните постројки во Србија бележат сериозен развој. На електроенергетската мрежа веќе е приклучен капацитет од 21,2MW, но дури 25 проекти се во фаза на развој. Потенцијалот на обновливи извори во Србија се проценува на речиси 5,6 милиони тони еквивалент на нафта, на годишно ниво. Биомасата и биогасот сочинуваат околу 3,3 милиони тони, соопштуваат од владата на Србија. Особено е значен потенцијалот на биомаса и биогас во регионите со развиено земјоделство.