Министерот за рударство и енергетика на Србија и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, во Будимпешта потпишаа спогодба за изградба на интерконективен гасовод. Притоа, дефиниран е целиот сет активности кој треба да овозможи ставање во функција на оваа врска. Во Србија, работите веќе се изведуваат на три делници, и се планира завршување на гасоводот до границата најдоцна до крајот на годинава.
Проектот е окарактеризиран како потоплно комерцијален, кој ќе им овозможи сигурно снабдување со гас на граѓаните и индустријата во двете земји, а се развива во согласност со сите релевантни ЕУ Директиви, како и Третиот енергетски пакет на Европската Унија.