Насловна / Вести / Србија: И греењето може да биде „зелено“

Србија: И греењето може да биде „зелено“

Бечej, Богатиќ, Крагујевац, Краљево, Крушевац, Ниш, Нови Пазар, Панчево, Параќин и Вршац, се градовите во кои ќе бидат унапредени системите за далечинско греење и ќе за заштоти животната средина со премин на користење на обновливи извори на енергија, наместо фосилни горива. Ова ќе се реализира преку проект вреден 40,5  милиони евра, со финансиска поддршка на ЕБРД, Австрија и Швајцарија.

heat2

Во некои од општините, веќе се изградени нови топлани на биомаса (јаглеродно неутрално гориво), од кои три веќе се пуштени во работа во текот на минатата грејна сезона. Со проектот ќе се промовираат зелените технологии во системите за централно греење, првенствено топлинските пумпи, соларни термални колектори, геотермалната енергија, и сл. Се очекува проектот да овозможу намалување на емисиите на јаглерод диоксид, прашина и сулфурни оксиди.

heat1

 

Испрати коментар

Scroll To Top