Владата на Србија потпишала со ЕУ Меморандум за разбирање з астратешко партнерство во облста на одржливите суровини, ѓаните, еколошките здруженија и опозицијата, бидејќи на овој начин се дава поддршка на проектот Јадар вредносниот ланец на батериите и електричните взоила. Ова поттикна протести кај граѓаните, еколошките здруженија и опозицијата, бидејќи на овој начин се дава поддршка на проектот Јадар за добивање на литиум на компанијата Рио Тинто, кој го сметаат штетен за земјата. Владата на Србија неодамна го деблокираше проектот Јадар, кој го запре пред околу две години.
Меморандумот е потпишан на маргините на Самитот за критични суровини во Белград, на кој освен претставниците на Србија и ЕУ, присуствувале и амбасадорите на странски земји во Србија, претставниците на автомобилски компании, производители на батерии, како и финансиски институции. Потписници на Меморандумот се српската министерка за енергетика и рударство Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и европскиот комесар за меѓуинституционални односи и стратешко предвидување Марош Шефчович. На настанот биле присутни и српскиот претседател Александар Вучиќ, како и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Од движењето „Еколошки устанак“ велат дека овој Меморандум значи дека Рио Тинто ќе дојде во Недељице, ќе ги раселува луѓето, а плоданата земја ќе ја натопува со концентрирана сулфурна киселина.