На првиот ден од овој месец, започна со изградба новиот гасен интерконектор помеѓу Србија и Бугарија. Проектот го финансираа Европската унија (ЕУ) и Србија, а планирано е да се заврши во четвртиот квартал на 2023 година.
Проектот за изградба на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Софија, ќе биде, како што е наведено, финансиран во еден дел преку неповратна помош од ЕУ, во висина од 49,6 милиони евра, како и 25 милиони евра поволен кредит од Европската инвестициска банка кој Србија ќе го плаќа за делот од гасоводот кој минува низ нејзината територија. Гасниот интерконектор ќе има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри природен гас годишно. Како што е предвидено со проектот, новиот гасовод ќе обезбеди дополнителни 80% зголемување на капацитетот во однос на моменталните годишни потреби на Србија.