Насловна / Вести / Србија го дигитализираше издавањето на дозволи во енергетиката

Србија го дигитализираше издавањето на дозволи во енергетиката

Во Србија се воведени дигитални сервиси за издавање и продолжување на енергетските лиценци, стекнување на статус на повластен производител на електрична енергија и изработка на студиии за проценка на влијанието врз животната средина, соопшти Министерството за енергетсика и рударство на оваа земја. Ова е спроведено во соработка и со поддршка на ЕБОР, која има одобрено и кредит од 30 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност односно воведување на далечинско греење со обновливи извори. Во пакет со тој кредит се и неповратни средства од истата банка и швајцарскиот Државен секретаријат за економски работи  – SECO. Управата за финансирање и поттикнување на енергетската ефикасност добила градн од ЕБОР во вредност од 2,35 милиони евра. Тие средства се од инструментот IPA 3. Се очекува овие средства да и помогнат на Управата да ги зајакне своите капацитети и да има полесен пристап до ЕУ фондовите.

Испрати коментар

Scroll To Top