Јужниот крак од Коридот 10 (Грабовница – македонска граница) планирано е целосно да биде готов до крајот на годината. Во моментот се врши асфалтирање на трасата низ Грделичката клисура која е долга 26,1 километар. Овој дел од Коридорот 10 низ Грделичката клисура е најтежок за градежниците и претставува голем предизвик. Работите непрекинато се изведуваат и ноќе.
Инвеститор на овој сериозен инфраструктурен проект е “Коридори Србије“, а изведувач е конзорциумот Trace group hold plc од Бугарија. Финансирањето е обезбедено преку кредит од Европската инвестициска Банка.