Насловна / Вести / Србија договори цената на рускиот гас 270 долари/1000м3

Србија договори цената на рускиот гас 270 долари/1000м3

Во Сочи претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на кој состанок е договорено дека за Србија цената на рускиот гас во следните шест месеци ќе биде 270 долари/1000м3, т.е. останува иста, додека количината на гас се зголемува за тие шест месеци, односно договорена е флексибилност во повлекувањето на обезбедени количествата. Преговарано е и за долгорочен договор за испорака на гас.

gas_resize

На референтната Европска берза (Ротердам ТТФ) за првите шест месеци од 2022 година вчера беа затворени трговските трансакции по цена од 68,77 евра/MWh, односно 812 долари/1000м3. Берзите се особено чувствителни во првите три месеци од 2022 година: трансакциите на ТТФ за периодот јануари – март (најладните месеци) затворени се на неверојатни 91,5 евра/MWh, односно 1080 долари/1000 м3. Треба да се напомене дека вака наведените цени се однесуваат на испорака на фиксни количини, во воедначен дијаграм за испорака во договорениот период.

Испрати коментар

Scroll To Top