Министерот за рударство и енергетика на Србија Александар Антиќ и министерот за енергетика на Бугарија Теменушка Петкова, на 19 јануари во Софија потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на гасна интерконекција Бугарија – Србија.
Бугарија веќе го има решено и финансирањето на својот дел од проектот, односно веќе има добиено 45 милиони средства од ЕУ како земја членка, при што првата фаза од проектот е веќе завршена. Од друга страна, пак, Србија очекува проектот да биде финансиран преку ИПА фондовите на ЕУ, и средставта ќе бидат на располагање веќе во оваа година.
При потпишувањето на Меморандумот двете страни се обврзаа изградбата да започне најдоцна во 2019 год., а гасната интерконекција да биде оперативна во 2020 година.
Проектот за гасна интеконекција Бугарија – Србија во целост е во динамика со реализацијата на проектот на интерконекцијата Бугарија – Грција, така што во 2020 г. ќе постои оперативна интерконекција и Грција – Бугарија и Бугарија – Србија. Се работи за два приоритени проекти на ниво на Југоисточна Европа, кои се дел од пошироката слика, и кои се многу значајни за сигурноста во снабдувањето со гас во регионот.