Спортскиот комплекс „Јане Сандански“, кој се гради на местото на старата сала во населбата Аеродром, ќе биде готов годинава, најавуваат од општина Аеродром.
Изградбата трае веќе една година, а рокот за завршување е 18 месеци. Kапацитетот на комплексот е 5.000 гледачи, додека во малата помошна сала ќе има место за илјада посетители. Во рамки на спортскиот комплекс се градат и други комерцијални содржини, како хотел, базен, финтес и спа-центар. Исто така, ќе има и административен дел, амбуланта, сала за состаноци и друго.
„Јане Сандански“го гради рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и тоа во согласност со стандардите на Европската кошаркарска и ракометна федерација. Тој ќе вложи сопствени средства, а според договорот потпишан со Општина Аеродром за возврат ќе ја стопанисува салата во наредните 35 години.Комплекост ќе се простира на површина од 11.000 квадратни метри. Во него е предвидено да тренираат кошаркарскиот тим на МЗТ, како и женскиот ракометен клуб.