Општинската спортска сала е лоцирана на главниот пат за Потчетртек во близина на Terme Olimia spa resort. Лоцирана е одма до патот. Главниот влез е на страната на патот и е достапен на клучката од двата патишта кои се вкрстуваат. Поради својата големина, која драстично ги надминува традиционалните конструкции, невозможно е да се бараат сличности со постоечката традиционална архитектура, но се чини логично да се бараат сличности во дизајнот на поголемите објекти од термалниот комплекс.
Особено објектот на Термалија, кој исто така се наоѓа директно на регионалниот пат. Специфичен дијалог е воспоставен помеѓу двата објекта. Термалија на една страна се чини празна, светла и колоритна -скоро игрива, додека општинскиот спортски центар, од друга страна, е прилично посериозен – како комплетна, тешка, монолитна структура. Неговата појава е на некој начин поврзана со улогата и целта што треба да ја воспостави во градот. Потчетртек е мал град, а новата спортска сала претставува едно локално затворено место. Иако првичната намена на објектот е за спортски активности, сепак објектот ќе биде мултифункционален: за културни настани и други големи собири на луѓе.
Двојната улога ја дефинира платформата за специфичниот дизајн на објектот. Негов примарен дизајн елемет е „црвениот тепих“, кој ги води посетителите на настаните во објектот. Специјално дизајнираниот пат, ограничен со насипот од едната страна, е засечен во објектот од другата страна. Претставен со живи бои и атрактивни форми, се шири до влезот каде формира квалитет на плоштад. Пристапната платформа постепено ги прифаќа посетителите и режира траектории кон главниот влезен хол. Свеченоста на пристапот во вечерните часови е истакната со светлечки орнаменти на фасадата. Перфорираните делови на фасадата зад кои се кријат големи стакла, спречуваат вознемирување како и директно влијание на сонцето во игралиштата, а затоа пак во моментите на самрак се рефлектираат прекрасните перфорирани шари на цветови низ кои пробива внатрешната светлина, со што внатрешните настани директно се одразуваат на фасадата давајќи тон на промотивност и атрактивност на настанот.