Цената на електричната енергија во земјите членки на ЕУ за категоријата домаќинства најниски се во Бугарија, а највисоки во Данска и Кипар. Ова го покажуваат податоците на Европската комисија, според кои цената на електричната енергија во Бугарија (со вклучен данок и останати такси) изнесува 9, 55 евроценти, во Романија 10,75 евроценти, а во Естонија 11,23 евроценти.
Најскапа струја плаќаат граѓаните на Данска и Кипар, односно нешто над 29 евроценти. Што се однесува до нашиот регион, цената во Црна Гора е 9,9 а во Србија и БиХ околу 8 евроценти. За споредба цената на електричната енергија за домаќинство со еднотарифно броило во Македонија изнесува 8,18 евроценти.
Извор: elektroenergetika.info
За да биде информацијата комплетна треба да се каже на што се однесува цената: на литри, на килограми, на метри, на коловати или – можеби(?) – на коловатчасови.
Здравје, среќа и повеќе внимание во новата година!
Do batko gjorgija: Vo Kofi be batko gjorgija. Kakva glupa konstatacija. Se znae struja Vo sto se meri. Shto IMA da se naglasuva za “kompletna da e informacijata”
Откако ја пуштив поракава се сетив дека не спомнав кофи (Kofi?) како единица мерка за струја, ама – ајде, си реков – што има тоа да се нагласува…бидејќи се подразбира… така што информацијата е повеќе од доволна од автор што претходната вечер/ноќ испил пет-шест ракии…
Инаку, како навреда би го третирал името Ѓорѓија напишано на латиница и тоа со мала почетна буква… ако тоа не се подразбираше…