Според последниот извештај на Обединетите Нации (ОН), во градовите ширум светот до 2030 година, „урбаните области се смета дека ќе бидат дом на околу 60% од светското население, додека еден од тројца луѓе ќе живеат во градови со најмалку половина милион жители“. Растејќи и во површина и по број на население, во 2021 година, 20-те најголеми градови во светот се дом за половина милијарда луѓе. Во продолжение е дадена листата на 20-те мега градови во светот за 2021 година, според бројот на населението. Токио е најбројниот град во светот, додека мнозинството од најнаселените градови се наоѓаат во Кина и Индија – 5 во Кина и 3 во Индија. Најголем град на американскиот континент е Сао Паоло во Бразил, а потоа следуваат Мексико Сити и Буенос Аирес. Истанбул, како град распослан на два континенти се наоѓа на 13-тото место.
Еве ја комплетната листа која го вклучува и бројот на населението за секој град:
1. Токио, Јапонија 37,339,804
2. Делхи, Индија 31,181,376
3. Шангај, Кина 27,795,702
4. Сао Паоло, Бразил 22,237,472
5. Мексико Сити, Мексико 21,918,936
6. Дака, Бангладеш 21,741,090
7. Каиро, Египет 21,322,750
8. Пекинг, Кина 20,896,820
9. Мумбаи, Индија 20,667,656
10. Осака, Јапонија 19,110,616
11. Карачи, Пакистан 16,459,472
12. Чонгкинг, Кина 16,382,376
13. Истанбул, Турција 15,415,197
14. Буенос Аирес, Аргентина 15,257,673
15. Калкута, Индија 14,974,073
16. Киншаса, Демократска Република Конго 14,970,460
17. Лагос, Нигерија 14,862,111
18. Манила, Филипини 14, 158,573
19. Тианџин, Кина 13,794,450
20. Гуангжу, Кина 13,635,397