Во пресрет на долгоочекуваната реставрација на Споменикот на слободата во Кочани, што наскоро ќе се реализира со средства добиени преку Амбасадорскиот фонд на САД за зачувување на културата (ФФЦП). Да се потсетиме на споменикот дело на архитект Радован Раѓеновиќ и сликарот Глигор Чемерски, да се потсетиме на чувството на игра, чувството на празник, отвореноста кон светлината, дружењто на животното и сакралното. Да се потсетиме на споменикот кој е во самиот врв на нашата меморијална уметност. „Споменикот кој го апсорбира човекот, го прифаќа, му наметнува да талка по него, размислува, бара, во таков еден амбиент може да размислува и за револуцијата и за жртвите на војната, и за за една исклучителна уметничка вредност. Сликарство кое добило трета димензија, се споило, се интегрирало со архитектонската форма“, како што вели Богдан Богдановиќ.
Извадок од емисијата „Топла земја“ посветена на творештвото на академскиот сликар Глигор Чемерски. Самиот искажува свое мислење за предизвикот да даде придонес за овој монумент кој своевремено го имаше најголемиот мозаик на Балканот. Снимено во 1981 година.