Насловна / Арт и дизајн / Спомен костурницата во Велес често се нарекува и „Герника на Македонија“

Спомен костурницата во Велес често се нарекува и „Герника на Македонија“

Спомен костурницата во Велес е изградена во знак на сеќавање на партизаните кои се бореле за слободата на Велес и Македонија за време на НОБ од 1941 до 1945 година против фашистичките германски и бугарски сили. Покрај тоа, овој споменик служи како почивалиште (во форма на подземна крипта) на посмртните останки на околу сто паднати партизански војници од велешко.

1

На 6 април 1941 година, градот Велес бил подложен на бомбардирање од страна на германската Luftwaffe, кога силите на Оската почнале да вршат инвазија и окупација на Кралството Југославија. Кралската југословенска армија набрзо капитулирала и Велес бил преземен од бугарските сили. Две третини од источните делови на Македонија, каде спаѓа и Велес, предадени се од раководството на Оската на административна контрола на Бугарија, која го назначила регионот како Вардарска Македонија. Кога Бугарите ја започнала својата окупација на Велес, следеала немилосрдна серија брутални тактики за да го покорат и угнетуваат локалното население.

2

Кон крајот на 1941 година, некои помали групи антифашистички бунтовници се обиделе да организираат единици на вооружен отпор во Велес, но тие брзо биле откриени од бугарските сили, и биле затворени или утепани.

7

Пролетта 1942 година, тензиите почнале да се зголемуваат меѓу населението на Велес. Истата пролет, организирани се неколку нови партизански одреди. Од овие новоформирани партизански единици, една од најважните и најуспешните е онаа која го носи името „Пере Тошев“, формирана во 1942 година. Клучните победи на единицата довевеле до создавање на Велешко-прилепскиот партизански одред на 23 април 1944 година, наречен единица „Трајче Петкановски“, составена од околу 30 борци на отпорот. Сепак, до септември 1944 година, единицата брои над 500 борци во своите редови. Потоа, во почетокот на ноември, велешко-прилепските партизани се спуштаат во градот.

12

Во текот на два дена, се води жестока битка, а градот конечно е ослободен во 4 часот наутро на 9 ноември 1944 година, кога бугарските окупаторски сили се протерани од Велес. Во знак на благодарност на партизанскиот командант Јосип Броз – Тито, градот Велес непосредно по војната се преименува во „Титов Велес“. Името на градот остана до 1996 година, кога повторно е сменет во „Велес“.

8

И покрај тоа што идејата за изградба на споменик на настаните од Втората светска војна во Велес е изнесена речиси веднаш штом регионот е ослободен, посветена работа на споменикот формално започнала речиси 30 години подоцна. Кога е распишан конкурс за проект во раните 70-ти, а учествувале уметници од цела Југославија. Проектот избран за споменичкиот комплекс по завршувањето на конкурсот е оној на новосадскиот креативен двоец, скулпторот кој средно вајарско училиште завршил во Скопје, Љубомир Денковиќ и архитектот Саво Суботин.

15

Изградбата е започната во 1976 година. Градбата на споменикот, која ја координирале и велешките бранители, во голема мера е финансирана преку јавни донации од луѓе од целиот велешки регион. Спомен костурницата официјално е отварана на свечена церемонија одржана на 11 октомври 1979 година, со инаугуративното обраќање од страна на југословенскиот генерал Коста Наѓ, претседател на „Сојуз на југословенски борци“.

3

17

Споменикот е во форма на превртен отворен цвет од афион, половина од внатрешната површина е предворје, додека во другата половина е сместен мал музеј и мозаик, дело на сликарот Петар Мазев. Половина од предворјето на споменикот содржи бронзени плочи на кои се испишани имињата на паднатите борци и описи на историјата на Велес. Тоа се шест кружни бронзени плочи поставени на ниски столбови. Плочите се украдени и вандализирани, но локалната полиција успеала да најде четири од нив и во 2019 се вратени на своето место.

23

До влезот во комплексот водат долги скали, а пред нив е поставен амфитеатар и долго шеталиште кое некогаш било уредено со рози. На шеталиштето имало и серија скулпторски бисти на постаменти на кои биле прикажани многу македонски херои и револуционери. Сепак, во одреден период сите овие бисти и постаменти се отстранети.

5

Во подземниот дел на споменикот во костурница или „крипта“ се посмртните остатоци на 87 велешани борци кои се бореле во партизани и учествувале во битката за ослободување на Велес. Телата на овие борци прво биле погребани во црквата Св. Пантелејмон во Велес пред да бидат преместени на оваа локација за време на изградбата на споменикот. Еден од партизанските борци погребан овде е и поетот Кочо Рацин.

20

Внатре во комплексот централно е поставена бронзена скулптура на расцветано дрво – симбол на слободата, висока три метри, посветена на паднатите борци. Ова дело е создадено од скулпторот Љубмир Денковиќ (кој е и креатор на формата на самата Костурница). Замислено е да претставува „никнување“ на дрвото на слободата и да го симболизира триумфот на партизанските сили над фашистичката окупација. Под оваа „дрво“ е криптата каде што се коските на паднатите партизански борци, што симболично упатува дека овие луѓе кои го  дале животот борејќи се протв фашизмот, всушност претставуваат „корени“ на ова дрво на слободата.

24

По должина на ѕидовите поставена е масовна низа мозаици кои ја раскажуваат историјата на борбата на македонскиот народ. Мозаиците на сликарот Петар Мазев со површина од 220 квадратни метри се најголеми од ваков тип во Македонија.

21

Опкружувајќи ја внатрешноста, Мазев го покрива поголемиот дел од ѕидовите со серија од пет мозаични дела. Преку оваа серија мозаици, Мазев ја отсликува историјата на Македонија, од Илинденското востание против угнетувањето од страна на Отоманската империја, до пустошењата за време на Балканските војни, Првата и Втората светска војна, до ослободувањето и победата над фашизмот и потоа, конечно, до слободата и обновата на Македонија. Ова дело често се нарекува и „Герника на Македонија“.

Извор: spomenikdatabase.org

11

03 02

01 OLYMPUS DIGITAL CAMERA

22

4 (1)

6

Испрати коментар

Scroll To Top