Alexandra Denton и Sofia Lazzeri ја дизајнирале линијата Innesti, декоративни предмети кои се прекрасна комбинација на стакло и текстил. Innesto е италијански збор за вакцинација, ботаничка техника која се користи за да се поврзат ткивата на едно раститение со друго, со цел да се создадат нови сорти.
Alexandra Denton и Sofia Lazzeri во нивниот заеднички проект, развиле уникатни парчиња кои се мешавина на два различни и спротиставени материјали: стакло и текстил. Предметите комбинираат контрастни карактеристики: цврстина, кревкост и студенило на стаклото, со мекост, удобност и топлина на текстилот.
За да видат како луѓето разбираат, гледаат и интерпретираат разни видови материјали, дизајнерите одбрале да работат со форми и техники кои ги подобруваат сетилните карактеристики на материјалот. Алхемиските предмети настанале со истражување и спојување на процеси кои доаѓаат од древните времиња: дувано стакло, ткаење и боење.
Проектот има за цел да ги подобри важноста и значењето на материјалот и да го стимулира естетското искуство, кое ја слави контраста, знаењето и традицијата. Инаку овие предмети можат да се видат и на Stokholm Design Week, позната манифестација која моментално, од 3 до 9 февруари, се случува во главната престолнина на Шведска.