ПРОЕКТ ЗА КОНСТРУКЦИЈА
Leonhardt, Andrä und Partner
ИНВЕСТИТОР
Tiefbauamt Kanton St. Gallen
ЛОКАЦИЈА
Бад Рагаз, кантон Ст. Гален, Швајцарија
ИЗВЕДУВАЧИ
Strabag AG, Glattbrugg, Ј. Ерни АГ, Филмови Дорф, Мезиербау АГ / Балзерс
АРХИТЕКТ
Volkhard Angelmaier
Мост на преминот преку клисурата Тамине, во месноста Баг Рагаз , во кантонот Ст. Гален, Швајцарија.
Ако постои дело во кое се содржат најдобрите инженерски, конструктивни решенија, архитектонска структура и беспрекорно вклопување во амбиентална содржина тоа е секако овој проект. Тоа е највисок лачен мост , некогаш изграден во Европа, кој премостува клисура со висина од 200 метра. Конструкцијата е асиметричен арм.бетонски преднапрегнат лачен распон од 259 метри, со вкупна должина од 414м. или 475.4м со потпорниот зид на сводот / столбовите/ …
Арката / лакот / со нејзината надградба формираат крута преднапрегната решеткаста конструкција, монолитно поврзана со лачната конструкција од косо поставените столбови.
Мошне импресивен е и самиот систем на градењето на мостот, со поставени два пилона од двете страни на кањонот со различни висини од 107 и 78 метри на кои се обесени привремените кабли за држење на конструктивните сандачести елементи.
Највисоките конструктивни сандачести носачи се со h-4 метри кај темелните и 2,2 метри во областа на круната. Главната конструкција на носачите е под плочата на коловозот.
Мислењето на комисијата / жирито / за доделената награда Struktural Awards 2018
Ова е без сомнение уникалено решение и комисијата беше импресионирана од елеганцијата, едноставноста, чистотата и економичноста на проектот. Комисијата (жирито) ја истакнува успешноста, спретноста на конструктивниот систем како и извонредниот начин на вклопување со спектакуларната околина. Овој бетонски лак (арка) е проектирана во најдобриот манир на Cristian Menn и Robert Maillart при што овие инженери креирале извонреден проект од светска класа.
На комисијата (жирито) и се допадна чистата распонска конструкција потпрена на закосени столбови поставени во радијален ред и високиот достигнат степен на транспарентост со атрактивен ритам на распони во однос на решеткастата основа.
Транспарентноста е нагласена со витките коси потпирачи постигнати со прецизно изведени бетонски споеви(зглобови).
Двата крајни потпирачи кои се надоврзуваат на краевите на лакот (арката) прават силен впечаток на визуен и физички ефект, кој работи како дел од целиот рамовски систем со елегантни распони на решетката.
Поради поголемите распони меѓу столбовите и фундирањето по бреговите е изведено невообичаено. Мостот е потпрен само на четири темели фундаменти, поедноставувајќи ја целата конструкција со необично економична шема.
За некои проекти изборот на деталите и извонредните фотографии кажуваат доволно за секој/ а особено градежната фела/ да може да ја разбере содржината и убавината на делото.
Технички податоци
Изградба: период 2013-2016
Трошоци: од 36,7 милиони CHF
Вкупна должина: 475 метри
Ширина на коловозот: 9,50 метри
Бетонски количини: 14.000 кубни метри
Арматура: 3.500 тони
Кабли: 190 t
Ископување: 25.000 кубни метри