Овој простран стан во Чикаго има површина од 464 квадратни метри и е, всушност, спојување на два луксузни пентхауса.
Станот се наоѓа меѓу облакодери и нуди поглед кон езерото Мичиген.
Едно од главните барања на сопственикот било станот да е практично место за живеење, со многу простор за чување и складирање. Прифаќајќи го предизвикот, архитектите излегле во пресрет на ова барање преку неколку интегрирани решенија за складирање за да се зголеми просторот со помош на „двостран остров“, отворени полици, фиоки и лизгачки врати.
Палетата на бои преовладува во црна, бела и сива боја и ги одржува работите едноставни и елегантни.
Главниот фокус е насочен кон дизајнот на бањата. Транспарентната кабина обезбедува непречен панорамски поглед, а сепак обезбедува приватност со употребата на нетранспарентно и матирано стакло.