Цел тим инженери од холандските компании KCI, Bosch Rexroth, Hillebrand i NorthernLight работеа на идејното решение на проектот наречен Спирална кула. Нивната идеја се заснова на комбинирање на различни извори на обновлива енергија со цел да се овозможи самостојно функционирање на кулата, што во кабини ќе ги одведе посетителите до самиот врв, каде што би уживале во панорамскиот поглед.
Ветерницата ќе се наоѓа на врвот на кулата, која ќе биде висока 60 до 150 метри, додека соларните панели ќе бидат интегрирани на фасадата заедно со вертикалните градини. Исто така, кабините ќе создадат дополнителна енергија при враќање во базата, пишува Dezeen.
Дизајнерскиот тим посочи дека тие пронашле инспирација во познатото London Eye, како значајна туристичка атракција на британската престолнина. Сепак, нивната идеја е да одат чекор подалеку, така што оваа атракција ќе биде одржлива и ќе функционира енергетски независно.
Предвидено е дека во секоја кабина може да се возат до 12 патници во исто време, а возењето до врвот и назад би траело меѓу три и десет минути.
Компанијата NothernLight заедно со своите соработници ги бара потребните дозволи и инвестиции за да Спиралната кула стане реалност. Нивната проценка е дека таквата туристичка атракција би можела да има меѓу 500 илјади и три милиони посетители годишно.
Споменатата London Eye, висока 135 метри, сè уште е најпопуларна туристичка атракција во Велика Британија, која ја посетуваат три милиони луѓе годишно, а исто така привлекува спонзори како Кока Кола и Lastminute.com.