Спиралната пешачка патека која води низ шума, долга е 900 метри и поврзана е со 45 метри висока кула за опсервација. Патеката се состои од два дела – повисокото ниво минува низ најстарите делови од шумата, а пониските во поновата шума. Treetop Experience е сместен во јужниот дел на Копенхаген, во средиште на шумски предел и пружа импресивен панорамски поглед на околните езера. Отворен е во април годинава и претставува вистинска туристичка атракција. Конструкцијата на оваа кула е изградена од челик во темно портокалова боја која совршено се вклопува во амбиентот. Пешачката патека е изработена од ореово дрво.