Насловна / Арт и дизајн / Спирален дизајн на швајцарски музеј за часовници

Спирален дизајн на швајцарски музеј за часовници

spiralen muzej za saati_4

Данските архитекти од студиото BIG добиле интересна техничка задача: во близина на седиштето на фабриката за часовници Audemars Piguet да дизајнираат проект за музеј.
За таа цел луѓето од BIG биле директно инспирирани од фасцинантниот внатрешен механизам на часовникот, од овој секојдневен предмет кој стана речиси национален симбол и гордост на Швајцарија.

spiralen muzej za saati_3

Музејот, сместен во провинцијата Vallée de Joux, до половина ќе биде „потопен“ во земја за да се истакне стабилноста и издржливоста, кои се едни од главните карактеристики на брендот Audemars Piguet. Овој спирален и стаклен павилјон на музејот Maison des Fondateurs во себе ќе носи историски и старински модели и сето останато наследство на овој бренд, и сето ова ќе биде достапно за сите посетители.spiralen muzej za saati_2 spiralen muzej za saati_1

Испрати коментар

Scroll To Top