Заложбите за намалување на емисиите на стакленички гасови во секторот за производство на електрична енергија се висок приоритет, особено во европските земји. Трендот на изградба на капацитети со обновливи извори на енергија и затворањето на бројни термоцентрали зема се поголем замав. Некои од нив, како централата „Кокензи“ во Шкотска, се рушат.
Контролираното рушење на стари објекти секогаш е атракција да се гледа, особено кога стручњаците ќе се потрудат тоа да биде исклучително прецизно. Двата оџаци на некогашната термоцентрала „Кокензи“ високи 149 метри срушени с ена посебен начин. Експлозивот е така поставен да ги сруши оџаците еден кон друг со цел да се судрат. Илјада набљудуачи го гледале рушењето и се простиле со некогашната најголема електрична централа во Шкотска.