Насловна / Архитектура / Спектакуларни спирални скали на операта во Шангај

Спектакуларни спирални скали на операта во Шангај

Новата опера која ќе се гради на брегот на реката Huangpu би требало да стане центар на шангајската култура, но и нов оријентир на најголемиот кинески град.
Прочуеното норвешко атхитектонско биро Snøhetta го претстави идејниот проект за новата шангајска опера, кој го изработиле во соработка со кинеското биро ECADI.

2

Алудирајќи на динамиката на танцот и човечкото тело, Snøhetta проектирале спектакуларни спирални скали кои го поврзуваат кровот на објектот и околниот терен и даваат карактер на идната опера.

1

Погледнете како изгледа тоа:

Пространиот кров, поврзан со околниот плоштад со огромни спирални скали ќе овозможи дуплирање на бројот на посетители на отворено. На овој јавен простор, директно поврзан со брегот, посетителите ќе можат слободно да му пристапат 24 часа на ден.

3

Аудиториум со врвна акустика
Централниот дел на објектот е аудиториум со 2.000 места за кој во моментов Snohetta развива врвни технички решенија и врвна акустика.

4
Покрај овој аудиториум, предвидени се и два помали со капацитет од 1.200 и 1.000 места. Во овие помали аудиториуми организацијата на седењето ќе биде пофлексибилна, овие простори наменети се за експериментални претстави.

7
„Големата шангајска опера претставува природен напредок во однос на нашите предходни проекти врзани со културата“- истакнал еден од основачите на бирото Snøhetta зa Dezeen, повикувајќи се на предходните слични проекти, вклучувајќи ги оперите во Осло и Јужна Кореа.
Спиралните мотиви кои доминираат на екстериерот се јавуваат и во внатрешноста.

6
Свила и дрво
Од друга страна, материјализацијата на ентериерот е во контраст со екстериерот, па за разлика од белината која ја карактеризира надворешноста, во внатрешноста можат да се видат комбинации на многубројни свилени површини и дрвен под кои придонесуваат за акустиката на просторот.
Во фоајето на идната опера, површините изведени од дабово дрво ќе бидат боени во црвена, а големите стаклени површини ќе пропуштаат светлина во објектот за да промените во текот на денот, но и годишните времиња бидат дел од ентериерот.

5

Платно за сликање
“Големата опера на Шангај ќе биде место од светска класа, ставајќи го посетителот во центарот на сцената”, вели бирото.
„Низ својата естетика, функционалност, како и својата културна и еколошка амбиција, операта ќе биде платно за посетителите од целиот свет, локалното население, како и за уметниците кои ќе го сликаат со живот и култура“- вели архитек од Snøhetta.

8

9

Испрати коментар

Scroll To Top