Насловна / Архитектура / Спектакуларен мост за велосипедисти во Копенхаген

Спектакуларен мост за велосипедисти во Копенхаген

MOst za velosipedisti vo Kopenhagen1

Копенхаген е совршен град за велосипедисти, со извонредна инфраструктура за оваа категорија учесници во сообраќајот. Град во кој одржливоста е важна во донесувањето на сите решенија.  Но, најновата велосипедска инфраструктура се чини премногу необична, дури и за главниот град на Данска. Првите планови се направени во 2008 година, а ќе се реализираат следната година кога ќе бидат изградени две сосема нови кули од двете страни на градското пристаниште, поврзани со мост кој ќе се наоѓа на 213 стапки над површината на водата. Да, тоа ќе биде мост за исклучиво наменет за велосипедисти, 213 стапки во воздух.

MOst za velosipedisti vo Kopenhagen2

На прв поглед, мостот дизајниран од архитектот Стивен Хол, изгледа како уште еден нереален концепт за проект кој веројатно нема никогаш да се изгради. Но, бизарно е тоа што, она што изгледа како целосно непрактично решение, всушност ќе биде изградено поради многу практични причини.Двете страни на пристаништето кои ќе ги поврзува мостот, моментално се достапни само преку обиколен пат околу работ на пристаништето, што значи дека скратениот пат би можел да заштеди многу време на многу луѓе.

Most za velosipedisti vo Kopenhagen

Покрај тоа, прописите диктираат дека секоја стамбена единица во градот мора да биде оддалечена максимум  500 метри од станиците на  јавниот транспорт, критериуми кои моментално не се исполнети за некои домови околу  пристаништето. Новиот транспортен линк би требало да го овозможи тоа. Од друга страна пак, бидејќи пристаништето е во функција, мостот мора да се изгради доволно високо за да овозможи бродовите да поминуваат под него.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top