Белорсукиот клуб ФК Бате Борисов го доби својот нов аморфен стадион, кој може да прими 13.000 гледачи.
Спектакулраниот стадион е проект на словенечкото биро OFIS Arhitekti.
Стадионот има изобличен топчест изглед со сјајна алуминиумска завршница која потсеќа на ткаенина растегната преку скелетната конструкција. Фасадата е издупчена со отвори со аморфен облик кои се застаклени и служат како прозорци.
Стадионот е проектиран со кружен облик со цел да се подобри акустиката на теренот, кој е ориентиран така што сончевите зраци подеднакво паѓаат на двата тима во текот на целиот меч.
Најтрофејниот фудбалски тим во Белорусија сега има свој стадион со капацитет од 13.000 гледачи распоредени во 17 реда на ниските трибини и 28 реда на високите трибини.
Во приземјето на овој аморфен облик се наоѓа јавна зона со квадратура од 3.000 м2, во кои се сместени ресторани, продавници и фитнес центри.