Насловна / Арт и дизајн / Спектакуларен објект како суптилна критика на денешниот свет на уметноста

Спектакуларен објект како суптилна критика на денешниот свет на уметноста

Медиумите што го следат културниот живот на Њујорк, константно го поставуваат прашањето што се наметнува секогаш кога се работи за Њујорк, а тоа е каде се прикажуваат новите предизвици на „стариот“ естаблишмент на современата уметничка сцена? Бидејќи честа појава е талентите, кои на почетокот биле спремни на офанзива против културните клишеа, да се задоволат со своето место во системот – кога конечно ќе го добијат.нов музеј њујорк_09

Во „туристичка“ смисла на зборот, секоја посета на Њујорк, би требало да значи и посета на т.н. „музејска милја“ (Museum Mile). Се работи за еден дел од њујоршката улица Пета авенија, каде што се концентрирани голем број музеи.

нов музеј њујорк_02

МУЗЕЈСКА МИЛЈА

Оваа „милја“ се простира од 82 до 105 улица, на Горната источна страна на Њујорк. Во оваа област се наоѓаат едни од најголемите збирки на уметнички дела во светот. „Музејската милја“ во реалноста се протега на малку повеќе од една милја должина. Тука се сместени девет музеи: Метрополитен, Гете институт – културен центар во Њујорк, Нова галерија, Гугенхајм, Музеј на Национална академија и Школо на убави уметности, Копер-Хјуитов музеј на националниот дизајн, Еврејски музеј, Музеј на градот Њујорк и Ел музео дел Баријо. Десеттиот со наслов Музеј на африканската уметност станува дел од „милјата“ во 2009 година. Овој музеј се наоѓа нешто подолу, односно на 110 улица, и е првиот новоизграден музеј после „Гугенхајм“ во 1959 година. Од друга страна, тука се и огромниот број галерии сконцентрирани претежно во западниот дел од Менхетен и елитниот кварт Челзи.

нов музеј њујорк_17

Бовери

нов музеј њујорк_15

БОВЕРИ

Bowery e улица и област во долниот дел на Менхетн, Њујорк. Бовери има фасцинантна историја и е дел од Њујорк за кој многумина сметаат дека има доживеано најголема урбана трансформација.  Во 40-тите па се до 70-тите години на минатиот век, Бовери бил познат како Skid Row, односно како место со најголема концентрација на бездомници во градот. Исто така, во оваа њујоршка авенија во последниот пола век живееле повеќе од стотина уметници, поети, музичари и сликари. Бовери е дом на Bowery poetry, а тука во четвртата и петтата деценија од 20 век се снимале познати B-movie серии.

Во Бовери, од Houston street до Delancey street се наоѓа главниот пазар во Њујорк за ресторанска опрема, а од Delancey до Grand street за ламби и сијалици. Денес, отмени бутик-хотели, како и раскошни тренди ресторани се замена за некогашните хотели за бездомници, „диви“ барови (во кои, според градските легенди, муштериите пиеле пиво директно од црева).

нов музеј њујорк_10

The New Museum of Contemporary Art

Точно на 235 Bowery улица, познатите архитекти Казуо Сеима (Kazuyo Sejima) и Рјуи Нишизава (Ryue Nishizawa) од архитектонското студио Sejima + Nishizawa/SANAA со седиште во Токио, заедно со колегите од архитектонско-дизајнерската фирма Gensler во Њујорк, дизајнирале здание на Новиот музеј на современа уметност (The New Museum of Contemporary Art). Зданието претставува низа галерии-коцки кои се „нерамномерно“ поставени една врз друга во една вертикална целина од шест ката.

нов музеј њујорк_16

Бездомници во бовери во 70-тите години на минатиот век

нов музеј њујорк_06

Критики

Локалните критичари сметаат дека културното и урбаното наследство на боемскиот кварт – улица Бовери, каде што се наоѓа музејот, полека но сигурно губи од својата автентичност. Процесот што носи нов прилив на пари и нови богаташи во овие делови на Њујорк трае и ден-денес, почнувајќи од стабилизацијата на градот кон средината на деведесеттите години на минатиот век.нов музеј њујорк_19

Легендарниот музички клуб CBGB отворен во 1973 година

Како и да е, по отворањето на новата зграда во 2007 година, овој проект бил оценет како спектакуларен успех на повеќе нивоа – од самиот проект како суптилна критика на денешниот свет на уметноста, до тоа дека претставува непретенциозно место во кое уметничките дела можат убаво да се гледаат и доживуваат. Овој музеј е меѓу неколкуте современи уметнички музеи во светот, кој е ексклузивно посветен на презентирање на современата уметност од целиот свет. Во него се изложени дела на уметници од Аргентина, Бразил, Бугарија, Камерун, Кина, Чиле, Колумбија, Куба, Германија, Полска, Шпанија, Јужна Африка, Турција, Велика Британија и од многу други земји. Во 2003 година, музејот формира поврзаност со Rhizome, една од водечките онлајн платформи за глобална уметност на новите медиуми.

нов музеј њујорк_18

Библиотека во музејот

New Museum_2013_Benoit Pailley_Erika Vogt

Ресторан во музејот

Преместувањето на ваква значајна институција како што е Новиот музеј на современа уметност, го следат и отворање на уште 20 и повеќе галерии за современа уметност, кои свои адреси добиле во Manhattan’s Lower East Side.нов музеј њујорк_08

Зградата на Музејот се наоѓа меѓу два света – еден со блескави нови хотели, бутици и клубови, и другиот – со нечистите фасади на старите индустриски згради. Нејзината фасада од алуминиумска мрежа одлично ги балансира овие поларни спротивности, и во последните десет години од кога е отворен претставува прекрасна и иновативна база за визуелниот и културниот идентитет на вечно променливиот градски пејзаж на Њујорк. На работ на борбата Њујорк да оствари креативен моментум, ова здание претставува симболичко упориште за оптимизам кој не е едноставен во глобалната атмосфера на цинизмот, а која диктира голем прилив на пари во сите сфери на уметноста.Nem Museum_Ragnar Kjartansson_05_2014_NYC_Benoit Pailley

ПОЧЕТОЦИ

The New Museum of Contemporary Art, кој е основан во 1977 година од кустосот и историчар на уметност Марсија Такер (Marcia Tucker, 1940 – 2006), првично бил сместен во простор на Graduate Centre of the New School for Social Research на 65 Fifth Avenue. Таму бил сè до 1983 година, кога бил преместен на првите два и пол ката од Astor зградата на 583 Broadway во квартот Сохо (SoHo). Но и тука музејот ги затвори вратите, бидејќи во Сохо победи моќта на парите и комерцијализмот на трговските центри и банки.

нов музеј њујорк_28

Во 1999 година, Марсија Такер на местото директор била заменета со кустосот Лиза Филипс (Lisa Phillips), која претходно работела 25 години како куратор во Витни (Whitney) музејот на американската уметност. Во 2001 година, музејот зеде под кирија 7000 метри квадратни простор на првиот кат на Chelsea Art Museum на West 22nd Street. Во 2005 година, музејот добил дел од 20-милионскиот доларски грант од Carnegie Corporation, кој бил овозможен преку донација од градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг (Michael Bloomberg).

нов музеј њујорк_24

Од првата изложба „Unmonumental, објект во дваесет и први век“ во 2007 година

НОВА ЗГРАДА

На 1 декември 2007 година, Новиот музеј ги отвори своите врати за посетителите како објект со 58700 метри квадратни на 235 Bowery, помеѓу улиците Stanton и Rivington. Во април 2008 година, новата зграда на Музејот била прогласена за едно од новите архитектонски седум чуда на светот од страна на влијателното глобално списание Conde Nast Traveler.

На проектот за новата зграда, која чинела релативно скромно во однос на другите музеи (50 милиони долари), се работело неколку години. Внатрешните галерии на катовите овозможуваат голем изложбен простор. И, Музејот ја оствари својата намера да остане врзан за алтернативните почетоци и полемичкиот став. Идејата на Марсија Такер како нејзин основач била да се отвори институција во која се негува современата уметничка практика спротивна на буржуаскиот вкус кој бил наметнуван на големите музеи и институции. Така, изложбата „Unmonumental, објект во дваесет и први век“ во 2007 година, со која новата зграда на музејот била свечено отворена, претставува заедничка работа на трите главни кустоси на Новиот музеј – Ричард Флуд (Richard Flood), Лора Хоптман (Laura Hoptman) и Масимилијано Ѓиони (Massimiliano Gioni).нов музеј њујорк_26

Прикажувајќи 80 дела на повеќе од 30 уметници, коишто настанале после 2000 година, кустосите биле усредоточени на уметност која нема обележја на современата висока технологија или компјутерска технологија. Уметниците што учествувале на оваа изложба се, пред сè, повеќе деца на Раушенберг (Rauschenberg), отколку наследници на Ворхол (Warhol): Иса Генцкен (Isa Genzken), Манфред Пернис (Manfred Pernice), Џон Бок (John Bock), Џим Лемби (Jim Lambie), Сара Лукас (Sarah Lucas), Сем Дурант Sem (Sam Durant), Нејт Лоуман (Nate Lowman), Шинк Смит (Shinique Smith), Рејчел Харисон (Rachel Harrison), Тибијас Буше (Tobias Buche), Карол Буве (Carol Bove)…нов музеј њујорк_25

Визуелно намерно разместена, оваа поставка во следните години била репер и предизвик за кустосите од другите институции да заземат сличен став како што тоа го направиле кустосите на Новиот музеј. Темата на оваа изложба – Unmonumental – е дека скулптурата од типот на асемблаж е форма која најдобро ја изразува денешната уметност. Таа е low-tech, релативно мали димензии, направена од најдени материјали, фрагментирана и е во состојба на дезинтеграција. Таа негува незавршен изглед, естетика на грдо, чудна јукстапозиција и, пред сè, се спротивставува на логиката на уметничкиот пазар кој нуди изгланцани објекти, згодни за продажба. Во исто време, ваквата скулптура го рефлектира денешниот историски миг – полн со конфликти, сомнежи и стравови – од тероризам, преку еколошки катастрофални последици до сурови глобалистички економски текови.нов музеј њујорк_27

Новиот музеј во текот на последните години покренал неколку програми, бидејќи сакал да воспостави однос со својата околина, но и да се поврзат со другите институции кои делат слична визија за положбата на современата уметност денес во светот. Проектот Museum as a Hub, поврзува неколку институции кои директно влијаат врз урбаниот развој на своето опкружување, додека проектот Museum Night School, ја поврзува идејата за вечерни школи достапни за сите, во кои образованието во сферата на соврмените уметности е бесплатно. Проектот Bowery Artist Tribute имал за цел да покаже како Новиот музеј е совесен нов сосед на улицата Бовери.20000x1080x1

КОЛЕКЦИЈА

Кога го формирала музејот, Марсија Такер одлучила дека треба да се купуваат дела кои после десет години ќе се продаваат, па така колекцијата секогаш ќе биде нова. Во 2000 година, музејот ја прими нејзината прва корпорациска донација на уметнички дела. Музејот сега има околу 1000 дела во разни медиуми. Во 2004 година, заедно со Museum of Contemporary Art во Чикаго и Hammer Museum во Лос Анџелес зеле 110 000 долари од две фондации за да можат да купат и изложат дела на млади уметници.нов музеј њујорк_21 нов музеј њујорк_12 нов музеј њујорк_05

АРХИВ

Дигиталниот архив на Новиот музеј е онлајн ресурс, кој обезбедува пристап до најважните извори од музејските изложби, публикации, како и програми. Архивата има база на податоци која содржи преку 7500 пишани и визуелни материјали за уметниците и истражувачите. Базата на податоци на дигиталниот архив секојдневно ја пребаруваат преку 4000 уметници, куратори и организации кои се поврзани со овој музеј.

Испрати коментар

Scroll To Top