Архитектката Тери Хунзикер и архитектонската фирма Сујама Петерсон Дегучи создадоа спокојно одморалиште во Монтана со големи уметнички дела и колекционерски дизајн.
Она што е прекрасно е што не се гледа друга куќа од парцелата, бидејќи се наоѓа токму на работ на долината. Куќата изгледа многу уникатно со внатрешен дизајн кој изобилува со пријатни бои и висококвалитетни материјали.
Во дневната соба, Тери Хунзикер создаде сопствени фотелји, тросед од мохер, коктел маса и трпезариска маса кои се комбинирани со столчиња во стилот на Жан Пруве. Уметничкото дело е на Марк ди Суверо, а светилките се на Александар Ламонт.
Изграден на приближно 7.500 квадратни метри, домот располага со органска мешавина на материјали комплементарни на северозападниот пејзаж, вклучувајќи дрво и камен, споени со скулпторски пространства од поцрнет челик.
Надворешноста на домот е составена од камен од локално потекло и западен црвен кедар измешани со големи греди од поцрнет челик и огромни пространства од стакло.
Во внатрешноста на куќата, на едниот крај, делото за Рилке на Марк ди Суверо од 1976 година е прикажано заедно со трпезариска маса од бразилски кварцит и поцрнет челик, додека на другиот крај од собата, Хунзикер поставила тросед и фотелји со мохер по мерка околу геометриска коктел маса по сопствен дизајн.
Во центарот на собата, Хунзикер осмислила трет простор за седење што е „поориентиран кон прозорецот“, поставувајќи четири фотелји од Бејкер околу масата од даб инспирирана од африканските резби. Палетата на бои и материјалите се избрани да бидат топли и привлечни.
Автор: Сања ВЕЛКАКОВА