Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, го претстави новиот, лимитиран модел на часовникот Hublot Big Bang Unico x Novak Djokovic.
Она што го прави овој часовник посебен е тоа што е направен од рециклирани маици и рекети кои ги користел Новак.
„Овој нов часовник е хоролошки манифест од Hublot. Иновативна, фантастична конвенција со куќиште и рамка во кмбинација од рекетите HEAD на тенискиот GOAT Новак Ѓоковиќ и Lacoste поло маиците од неговата победничка сезона – Грен слем 2023; креативен, со паметни референци на тенисот; конструиран, со својата архитектура на скелет и завои што го прават полесен од тениско топче, и проткаен со ДНК на Hublot, најновиот Big Bang оди директно на прво место“, велат од компанијата.
Со тежина од само 49,5 грама, „Hublot Big Bang Unico x Novak Djokovic“ е уште полесен дури и од тениско топче кое тежи 56 грама.
Овој ексклузивен часовник ќе биде произведен во само 100 примероци, што дополнително ја зголемува неговата вредност и посебен статус кај колекционерите и љубителите на луксузните часовници.
„Тенискиот гигант Новак Ѓоковиќ е крал на терените. Амбасадор на Hublot од 2021 година, името на Ѓоковиќ е врежано на безброј тениски трофеи, а сега го стави својот печат и на часовник. Со лансирањето на Big Bang Unico x Novak Djokovic, мисијата е исполнета. И на теренот и надвор од него, Ѓоковиќ игра „и пишува историја“, па така Hublot создаде часовник во истата насока како и овој легендарен играч: епски, самоуверен, агилен, екстровертен и моќно прецизен“, додаваат од Hublot.
Дизајнерскиот тим на Hublot, исто така, сервира ас со детали што ќе им се допаднат на фановите на Новак и на ентузијастите на Hublot, како што се жолтото копче за секунди, отпечатоците на бројчаникот и завртките на рамката чија суптилна купола, заоблена форма, алудира на тениско топче. Логото на Новак Ѓоковиќ се појавува на стрелката на секундарникот. Овој Big Bang Unico x Novak Djokovic доаѓа со четири ремени: еластичен ремен за пот прицврстен со системот за еден клик на Hublot, цик – цак ремен со сина алуминиумска спортска тока, бела гумен ремен и Lacoste ремен.
„На седумгодишна возраст, целта на Новак Ѓоковиќ беше да стане број еден тенисер во светот. Триесет години подоцна, неговата решеност да доминира во неговиот спорт не попушта. Благодарение на истоимениот Big Bang, Hublot понуди часовник на исто ниво со наследството на оваа легенда“, стои во објавата на компанијата.
Цената на часовникот изнесува 54.900 евра.