Вулканот Fuego во Гватемала е најактивниот вулкан во Средна Америка, и секоја година привлекува голем број посетители кои ги набљудуваат неговите ерупции. За таа цел, тие најпрво мора да се искачат на соседниот врв Acatenango – неактивен вулкан од каде се пружа поглед на кратерот кој исфрла лава. Сепак, со почетокот на пандемијата на корона вирусот, кога светот во еден момент се затвори, туризмот во Гватемала драстично опадна, па некои локални водичи сведочат дека за две години немале ниту еден турист за да го однесат во разгледување на вулканот.
Сите вакви излети почнуваат од градот Antigua, кој го краси барокна архитектура и се наоѓа на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО. Пред пандемијата, градот имал два милиона туристи годишно. Сепак, сега веќе доаѓаат повторно добри денови, бидејќи оваа земја ги попушта мерките, што значи и враќање на туристите.
„Дневно вулканот го посетуваат 300-400 туристи“, велат локалните водичи. Споменатиот Acatenango се наоѓа на речиси 4000 метри надворска височина, а до него е потребно искачивање во времетраење од 5 часа. Вулканот Fuego е постојано активен, односно еруптира на секои 15 – 20 минути. Се разбира, ваквата ситуација, не е безопасна, за што сведочи и настанот од пред 4 години, кога ерупцијата буквално го избришала селото San Miguel Los Lotes од лицето на земјата, усмртувајќи 159 и повредувајќи над 300 луѓе.