Лени Кравиц, како фотограф, работи исклучиво со Leica камери.
Овој американски рок-музичар се здружил со светски познатиот германски производител на камери и фотоапарати Leica, за да се создаде посебен Lenny Kravitz x Leica MP Type 240 комплет. Leica е позната по соработките со јавни личности од сите сфери на животот, и оваа соработка од нивна гледна точка воопшто не е изненадувачка.
Комплетот Lenny Kravitz x Leica MP Type 240 доаѓа со два објектива – 35 f / 2 ASPH и 50 f / 1.4 ASPH. Исто така, се одликува со LCD сафирна облога, full-frame сензор од 24 мегапиксели и 2 GB buffer меморија. Редизајнираната камера е во црна боја и доаѓа во комплет со модерна торба за носење, која е исто така црна боја.
Како и секогаш, и тука се работи за ограничена серија и тоа само 120 парчиња. Во продажба ќе се најде многу брзо, а во рамките на промоцијата на новиот производ, Лени Кравиц ќе биде домаќин на специјален настан кој ќе се случи следниот месец во Њујорк, кога во исто време ќе има презентација на неговата работа и книги посветени на фотографија.