Насловна / Вести / Со специјални дронови се снима топењето на ледот на Гренланд

Со специјални дронови се снима топењето на ледот на Гренланд

Grenland topenje

Климатските промени на Гренланд внимателно се набљудуваат, не само на копното туку и со помош ма камери дронови.  Новиот  тип на беспилотно летало таму имаше светска премиера, а научниците очекуваат дека ќе им даде одговори на некои прашања. Професор Џејсон Бокс е пасиониран љубител на  снегот и ледот,  и еден од водечките светски истражувачи на  процесот на  топење на  ледот  на копно.

Grenland topenje2

„Со оваа платформа, можеме да измериме колку сончева светлина впива ледот и по тоа следиме колкаво е топењето на ледот. Само во изминатите седум години предниот дел на ледената покривка се повлекол за 80 метри. Овде доаѓам веќе 20 години, но донекаде сум изненаден колку се променил пејсажот, одвај го препознав“ истакнува професорот Бокс.

Grenland topenje1

Една од причините за сериозните климатски промени е токму зголемувањето на температурата на Арктикот за скоро 2 степени, споредено со 1900 година, и тоа е вредност што е скоро два пати поголема отколку во другите делови на Земјата.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top