Основана во 1915 година во Женева, компанијата Caran d’Arche е прочуен швајцарски бренд кој дизајнира уникатни инструменти за пишување.
Со оглед на тоа дека оваа компанија споделува бројни идеи и дизајнерски елементи со реномирани швајцарски брендови за часовници, одлучиле да понудат единствен сет на луксузни инструменти за пишување, инспирирани од светот на хронологијата.
Наречен 1010 Timekeeper, овој сет содржи налив пера и ролер пенкала со шармантни детали како римски броеви или сини Breguet сказалки, како и сокриени драгоцености како што е рубинот. Овие пенкала содржат и шноли и мали прстени кои го спојуваат телото на пенкалото со завршетокот, што е инспирирано од базата на часовниците.
Caran d’Ache исто така користеле специјални завршни детали „позајмени“ од светот на часовниците, како што се гравирање, рачно полирање, лакирање и PVD третман. Ако сте љубител на фина изработка, сигурно ќе го приметите вниманието посветено на деталите на врвот на перото креирано од 18 каратно злато, кое е рачно изработено и полирано, а нуди комфор при пишувањето и достапно е во повеќе димензии.
И двете варијанти на пенкала се произведени во ограничен број од 500 парчиња. На секој затварач се наоѓа инскрипција 1 од 500 парчиња. Секе парче доаѓа во лакирана кутија со дизајниран сад за мастило.
На крајот се што треба да знаете дека налив перото од оваа серија чини 8.000 CHF, додека ролер пенкалата се нешто поприступачни и чинат 7.800 CHF.