Кока Кола има долга традиција на соработка со голем број на дизајнерски куќи, за креирање на ограничени изданија за посебни прилики.
Со својата последна соработка, тие го слават оригиналниот дизајн на шишето Кока Кола, кој бил креиран пред точно сто години, односно во текот на 1915 година.
Оваа мултинационална компанија од САД се здружи со италијанскиот моден бренд „Трусарди“, со цел да се создаде уште една специјална едиција на шишиња и лименки од познатиот знак Кока-Кола. Новиот дизајн ќе биде достапен како лимитирано издание во Италија до крајот на октомври.
Ова издание се совпаѓа со овогодинешниот саем „Експо Милано“, така што овие дизајни ќе бидат достапни само на две локации во Милано: на „Експо Милано“ или во Café Trussardi на Piazza della Scala во Милано.
Доста елементи од брендот „Трусарди“ може да се видат на новите дизајни, во прилог на познатото лого на Кока-Кола. Нивното познато лого со ловечко куче е претставено во златни, црвени и кафеави нијанси на шишињата од 330 мл.