Насловна / Архитектура / Специјална болница „Филип Втори“: светска медицина со човечка душа

Специјална болница „Филип Втори“: светска медицина со човечка душа

„Идејата и желба за новата болница се развиваше со децении во текот на мојата секојдневна работа. Сакав да направам спој на архитектурата од старото време со најмодерната технологија на сегашноста. Па така, во моите скици таа доживеа стотици варијанти. Кога почнав да работам со архитектите, се одеше многу брзо, бидејќи кај мене беше доста јасно што барам да направат. Сега сум задоволен од резултатот затоа што е зграда со оргинален изглед, оптимална функционалност, еколошка и со висока енергетска ефикасност, а притоа опремена со најмодерна медицинска технологија“, д-р Жан Митрев, сопственик на болницата „Филип Втори“

08 rampa nokje B2Специјалната болница „Филип Втори“ е проектирана како затворена единица. Во програмата на новата болница се внесени многу нови и иновативни технологии. Во функционирањето на целиот систем на болницата е посветено големо внимание, не запоставувајќи го визуелниот аспект и потребите на околината.H filip vtori oper sala 4A

Во текот на проектирањето, посебно внимание е посветено на надворешниот и внатрешниот амбиент, со тенденција за постигнување на архитектура од висок квалитет, каде пациентите, персоналот и посетителите би се чувствувале убаво.H filip vtori sala HOL 56

Целта при проектирањето и изведбата на објектот била да се обезбеди хумана средина за луѓето, кои се и онака под огромен стрес, да се направи простор во кој тие ќе се чувствуваат навистина удобно. Тука пациентите се охрабруваат што побрзо да застанат на своите нозе и повторно да се вратат во својот нормален тек на животот. Движењето на пациентите е по најкраткиот пат до услугите што им се потребни, со што се намалува нивниот стрес.H filip vtori sala HOL 57

Проектот е синхронизација на многу меѓусебни архитектонски, функционални и човечки потреби. Со нив се сака да се поддржи нормалната емоционална состојба на пациентите и нивните блиски, да се зачува приватноста на пациентот, особено во просториите за лекување и во заедничките простории, како и да им овозможи на персоналот и на пациентите што полесна и поефикасна работа. Резултатот е зграда која се издвојува по својот изглед, конструкција и флексибилност, која е проектирана за пациентите и нивните потреби, како и за посетителите и здравствените работници.[Group 0]-DSC01108_DSC01114-7 images

Функционалноста на целиот објект е поделена во зони, и тие се распоредени по сите катови. Пристапноста до сите содржини кои ги нуди болницата е понудена преку ентериерот на влезниот хол, естетски обликуван со вкус и одмереност во изразот. Влезниот хол е обработен со мермер и оникс, и застаклени отвори со витражи, така што целиот простор изгледа доста богато. Преку влезниот хол на пациентите и посетителите им се нудат сервисни услуги кои се лесно достапни и практично организирани. Во холот се наоѓа голем информативен пулт од каде што се добиваат сите потребни информации и услуги. Од тука има лесен пристап до придружните содржини како кафетерија, банка, аптека, менувачница  и други услужни содржини.4069A

Амбулантниот и ургентниот центар се наоѓаат на приземјето. Организирани се во добро обликувани целини со амбуланти, ординации, како и хируршки блок за брзи интервенции. Ургентниот центар е организиран со посебен влез и пристап за непречено работење, преку рампа со пристап за возила. Опремен е да одговори на секоја итна потреба на пациентите. Во склоп на ургентниот центар е организиран и оперативен дел за итни хируршки интервенции.E AAmagntna rezonansa 012 E magntna rezonansa 015

Целиот ентериер е дизајниран на таков начин што го хуманизира карактерот на болничкото опкружување, со почитување на техничките и нормативните ограничувања за еден ваков тип на објекти. Дизајнот на просторот обезбедува голема флуидност на внатрешната циркулација. Големите прозорци во ходниците нудат природна светлина како и поглед кон надворешноста. Во ходниците се поставени пултови за сестрите и персоналот, кои се во близина на собите на пациентите. Организирани се и опремени во секој момент да им ја пружат најдобрата услуга на оние што тука се лекуваат. Се внимавало многу на употребата на бои и материјали, како на ѕидовите така и на подовите.H filip vtori ambulantna kola 20 F filip vtori  08a

Целата зграда е исполнета со дневна светлина во оние простори каде што таа е потребна и пожелна. Сместувачките капацитети на објектот се опремени и изградени за да обезбедат врвна нега, хигиена и третман на пациентите. Посветено е големо внимание да се обезбеди максимален комфор и суптилна средина која пациентите ќе ја препознаат преку примената на високо технолошки материјали кои нудат беспрекорна хигиена.DSC01272

Освен болнички соби, во болницата е овозможено и апартманско сместување на пациентите и нивните семејства по принципот на висока класа на хотелско сместување. Просторот е опремен со висококвалитетни материјали и мебел кои обезбедуваат врвна хигиена, комфор и пријатно опкружување, што е многу важно за брзо заздравување на пациентите. Во близина на собите се направени и полу-јавни места кои нудат простор за средби и одмор на пациентите со своите најблиски.G filip vtori rstoran 3B H filip vtori sala za prezentacija 30

Во собите за интензивна нега, освен опрема која е потребна за лекување на пациентите, вградени се материјали кои на просторот му даваат топлина и го намалуваат чувството на болничко опкружување.

Оперативниот блок е составен од четири хируршки сали опремени за сите видови на интервенции. Опремени се со најнова и врвна опрема и технологија за ваков вид на објекти, за прв пат применети кај нас.

Во објектот е вградена иновативна технологија, системот „Иглу“, што обезбедува максимална термичка и ѕвучна изолација, проветрување на површините, заштита од атмосферските влијанија, највисок степен на хигиена како и безбедност на сите вградени инсталации при експлоатација и одржување.DSC09194 E magntna rezonansa 06

Во целиот објект на Специјалната болница „Филип Втори“, вградена е иновативна технологија и во системот за снабдување со вода, преку материјали кои овозможуваат енергетски заштеди и помал трошок на енергија. Системите за довод на струја, вода и други енергенси, се направени така што исклучуваат каква било можност за попречување или застој во функционалноста на кој и да било дел од објектот.

Сите плафони се изведени во хигиеник изведба со извонредни акустични параметри, изведени според најновите иновативни решенија на најреномирани светски производители. Дел од таваниците се опремени со „Chill beam“ енергетски ефикасни уреди за греење и ладење, кои нудат идеална распределба на разладениот или загреаниот воздух низ просториите.DSC01286

Повеќето од подовите се изведени од линолеум кој обезбедува лесно и тивко движење. Линолеумот нуди висока хигиена и изгледа естетски добро. Ѕидовите се обработени со фиберглас кој е антибактериски и антифунгициден. Естетски се обликувани со дезени и антибактериска завршна обработка со бои во голем избор, што му даваат на целиот простор многу топлина.

Во болицата е направен ресторан од отворен тип кој им нуди пријатен простор како на пациентите така и на посетителите. Ентериерот на ресторанот е модерно обликуван со многу вукус и одлично познавање на примена и употреба на материјалите за ентериерно обликување. Ресторанот е простор кој служи како точка на спојување на сите активности во објектот.H brza pomos 20

На катот, централно е поставен амфитеатарот и тој претендира да биде центар на сите активности во објектот. Амфитеатарот е изведен како мултинаменски простор кој е приспособен да одговара на сите потреби на корисниците на овој објект. Во него ќе се одржуваат предавања, тематски настани, обуки и разни тим билдинг активности.G filip vtori intenzivna nega 1b

Администрацијата е организирана како еден простор ориентиран кон тимска работа. Во објектот се наоѓа и менаџерски блок кој, исто како и администрацијата, е опремен со приклучоци за современи уреди, со материјали кои обезбедуваат висока хигиена, комфор и пријатно опкружување. Просторот, како и во административниот дел, го потврдува впечатокот дека грижата за комодитетот и чувствата на вработените е исто така многу важен.KUPATILO

На најгорниот кат од објектот се наоѓа техничкиот кат. На него се поставени клима комори со енергетска класа А, преку кои целосно се контролира воздухот во објектот. Топла вода во објектот се обезбедува на енергетски ефикасен начин преку гасна котлара. Со ова се покажува дека се водело сметка за заштита на животната средина. Целиот објект на болницата е опремен со систем на обесчадување, што го прави целосно сигурен и безбеден во секакви услови, како за пациентите така и за вработените и посетителите.Untitled_Panorama1

Специјалната болница „Филип Втори“ е импресивна здравствена установа. Во неа грижата за пациентот е главна. Создаден е простор кој, со примена на материјали и бои во ентериерот, како и самиот да лекува, каде што пациентот добива повеќе одмор и мир за побрзо закрепнување. Можеби клучот за создавање на добра атмосфера во болницата е во добрата логистика. Објектот е направен како „болница машина“ во која фукционирањето на целиот систем не е видливо за пациентите и посетителите.K zgrada svetlo C 1A

Вкупен болнички капацитет:

22000м2 вкупна површина

200 болнички кревети

70 кревети на интензивна нега

20 амбуланти/итна медицина

7 операциони сали

2 ангио сали

2 компјутерски томографа

2 стерилизации

 

Магнетна резонанца

Најмодерна полуинтензивна нега

Сала за физикална рехабилитација

Психолошка поддршка

Кујна со ресторан

Перална

Испрати коментар

Scroll To Top