Насловна / Архитектура / Спа́с на крови́ – храм изграден на местото на пролеаната крв на рускиот император

Спа́с на крови́ – храм изграден на местото на пролеаната крв на рускиот император

Како од колачи и чипка, на брегот на каналот Грибоједова се издига храм, брат на московскиот Храм Василије Блажени, симбол на Санкт Петербург. Спа́с на крови́ – местото каде што е убиен рускиот император е поврзан со многу легенди, како мистериозна икона која има моќ да ја предвидува иднината, распадот на Советскиот Сојуз и подводните крстови.

Храмот на Исусовото вознесение, попознат како Спа́с на крови́ – величенствен храм изграден во срцето на Северната претолнина на Русија, Санкт Петербург се смета за една од главните атракции со причина. Овој храм со девет куполи, споменик на архитектурата, кој денес е и музеј, е во составот на државниот музеј-споменик „Исакијевски сабор“, има импресивна историја, а под неговите живописни куполи се кријат мноштво интересни факти, но и легенди и мистични тајни.

Спа́с на крови́ – храм изграден на место на убиството на рускиот император

Храмот Спа́с на крови́ е изграден на местото каде што на 1 март 1881 година бил убиен рускиот император Александар II. Имено, веднаш по трагичниот настан, градските власти наредиле да се изгради мал споменик на местото каде што тој бил убиен, но новиот император Александар III, наследникот на Александар II, наредил да се изгради величествен храм. И не само тоа – било наложено местото каде што бил убиен неговиот татко да се зачува во внатрешноста на идниот храм, па така и денес местото каде што била пролеана крвта на големиот руски император останува недопрено.

Мистериозна икона што ја предвидува иднината

Според легендата, под сводовите на куполите на овој храм има икона на која низ историјата се појавувале значајни датуми за Руската империја, како што е 1917 година кога започнала Февруарската револуција која траела шест години, или 1941 година кога Големата татковинска (операции спроведени за време на Втората светска војна, од 22 јуни 1941 година до 9 мај 1945 година на Источниот фронт) војна. Се верува дека оваа икона има посебна моќ да предвидува важни датуми или пресвртници во руската историја.

Тајните на куполите

Интересно е што димензиите на објектот не се случајно избрани. Висината на најголемата купола е 81 метар и ја симболизира годината на трагичната смрт на Александар II – 1881 година, додека висината на втората по големина купола е 63 метри – точно толку години имал царот кога бил убиен.

Мртовечница и „Спас на компирот“

За време на војната и Советската власт, во црквите и храмовите често се наоѓале разни други установи, како што се магацини, штали, па дури и мртовечници. За време на блокадата на Ленинград, Спа́с на крови́ бил претворен во вистинска мртовечница, каде што од целиот град биле носени тела на загинати граѓани, што на името Спа́с на крови́ му дало уште поголемо значење. Освен тоа, во тешките времиња за Советскиот Сојуз, храмот чувал и залихи од зеленчук, па довитливите и духовити сограѓани на шега го нарекле овој храм „Спас на компирот“.

Спа́с на крови́ го најавил распадот на Советскиот Сојуз

Храмот со децении бил „окован“ со градежни скелиња, а на почетокот на деведесеттите меѓу граѓаните постоело верување дека во моментот кога ќе се отстрани скелето, Советскиот Сојуз ќе се распадне. Некои ќе речат дека ова е чиста случајност, но во 1991 година, кога скелето конечно било отстрането од храмот, советската влада навистина паднала.

Подводни крстови од Спа́с на крови́

Според легендата, за време на револуцијата биле отстранети крстовите од куполата на храмот, а граѓаните ги потонале до дното на каналот Грибоједова, на чиј брег се наоѓа храмот, за да ги заштитат од болшевиците. Кога опасноста поминала и почнале да го обновуваат храмот, не можеле да ги најдат крстовите. Тогаш случаен минувач им пришол на работниците и им рекол да ги бараат крстовите на дното на каналот. Иако вчудоневидени и скептични, работниците го послушаа и на општо чудење ги нашле токму таму.

Најголемата колекција на мозаици во Европа

Внатрешноста на храмот е неверојатна. Градителите на црквата се откажале од традиционалните фрески, бидејќи тие брзо пропаѓаат во услови на влажна и студена клима. Наместо традиционалните фрески, мозаиците се главниот вид на декорација на Спа́с на крови́, со оваа техника е изработен дури и иконостасот на храмот, а можат да се видат и на фасадата.

Под сводовите на куполата се наоѓа најголемата колекција мозаици во Европа, за која придонеле великаните на руската уметност, како Васнецов, Нестеров, Харламов, Журављов, Рјабушкин и многу други. Интересно е и тоа што отворањето на храмот било одложено повеќе од десет години поради изработката на мозаиците и уметничките дела со кои е украсен храмот.

Испрати коментар

Scroll To Top